Во украинскиот град Дњепр досега забележани се 40 случаи на корона вирус, но ниеден смртен случај, сепак локалните власти веќе ископале 600 нови гробови.

Градоначалникот на Дњепр, град со над милион жители, преземал драстични мерки како би мештаните ја разбрале опасноста од занемарување на мерките против корона вирус.

Минатата недела градоначалникот Борис Филатов напишал на Фејсбук дека локалната власт се подготвува на најлошо, додавајќи дека преку 600 гроба се веќе ископани за очекувани смртни случаи.

“Се подготвуваме за најлошо. На гратските гробишта не се ископани 400, туку 600 гробови, поради можни закопувања на мртви од корона вирус. За погребување на телата купени се илјада дебели пластични кеси“, напишал Филатов.

Филатов исто така споменал дека на медицинските работници ќе им биде забрането да извршуваат обдукција на луѓето за кои се верува дека починале од корона вирус.

И како да тие изјави не биле доволни за да ги заплаши луѓето и да се придржуваат на правилата во градот, фотографии од стотина свежи ископани гробови почнале да се вртат на интернет, пренесува Oddity Central.

Реакциите од изјавата на градоначалникот биле поделени. Некои го обвинувале за ширење паника додека други сметаат дека постапил правилно со тоа што луѓето ќе бидат по внимателни.

Филатов подоцна изјавил дека не станува збор за паника, туку логистика. “Не дај божоже да ни требаат тие гробови и кеси“, рекол тој.