Градоначалникот на Филаделфија се најде на удар на јавноста откако забрани рестораните да работат во своите затворени простории, а потоа беше снимен како јаде во затворена просторија на ресторан во Мериленд, соседната сојузна држава, пренесува Би-би-си.

Фотографијата од Џим Кени, градоначалникот на Филаделфија, стана вирална откако беше фотографиран како јаде во затворен простор во ресторан во Мериленд. Сопственик на ресторан во Филаделфија, Марк Ветри, гледајќи ја фотографијата, изјави дека градоначалникот Кени е лицемерна личност.

Кабинетот на градоначалникот исто така реагираше на објавувањето на фотографијата, обидувајќи се да ја оправда одлуката на Кени да јаде во затворен простор со тврдењето дека тој сакал да помагне на ресторанот кој бил во сопственост на негов пријател.

„Се разбира дека ги разбираме фрустрациите на сопствениците на локални ресторани, тие се едни од најтешко погодените од пандемијата“, се вели во одговорот од кабинетот на градоначалникот.

„Но, во округот што го посети градоначалникот, регистрирани се 782 случаи на инфекција, додека во Филаделфија има повеќе од 33.000. Ова се драстично различни околности”, се заклучува во соопштението.

извор: Makfax