Градоначалникот  на Општина Вевчани, Сашо Јанкоски е позитивен на Ковид -19. Тој информацијата синоќа ја соопшти на социјалните мрежи.

„Момент на мало невнимание може да доведе до инфицирање со овој вирус. Јас сум веќе од саботата во домашна изолација само со загубено чувство за мирис. Чувајте сѐ, чувајте го вашето здравје и здравјето на вашите најблиски. Носете маска, држете дистанца, останете во добро здравје“, напиша Јанкоски.