Истакнати светски политич ари и градоначалници предупредија дека забрзаната урбанизација може да стане еден од најголемите проблеми со кои ќе се соочи општеството во 21 век. Веќе сега 50 проценти од светското население живее во урбани средини, а тој процент би можел да се зголеми на две третини до 2050 година, е објавено оваа недела на Светскиот форум за урбанизација, што се одржа во Барселона. “Урбанизацијата предизвикува проблеми што се однесуваат на сите нас”, изјавил Михаил Горбачов, поранешен претседател на Советскиот Сојуз и сега- шен претседател на Меѓународниот зелен крст. “Пред четири години, кога светските лидери ја усвоија Милениумската декларација, изгледаше дека ја препознаваат важноста на овој проблем”, додал тој. “Меѓутоа, сите сме загри- жени што многу водачи, што го направија тој чекор, не покажаа политич- ка волја да ги спроведат обврските што ги презедоа”, нагласил Горбачов. Учесниците на форумот нагласиле дека милиони луѓе во урбаните средини немаат пристап до вода за пиење и санитарии, немаат здравствено осигурување, образование и безбедност. Тие веруваат дека сегаш- ните трендови ќе го отеж- нат исполнувањето на целите од Милениумската декларација, што Обединетите нации ја усвоија во 2000 година.