Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски со заменик-министерката за финансии, Ширет Елези во Министерството за финансии потпиша договор за реализација на проект за енергетска обнова на ЈДГ „Весели цветови“, објект „Мимоза“.

Објектот „Мимоза“ ќе добие целосно обновена фасада со термичка изолација, нови прозори и надворешни врати изработени од 5 коморни ПВЦ профили, нови олуци, нови банци и нови опшивки. Во внатрешниот дел на градинката ќе се постави плафонска изолација од стиропор д=10 см. Со оваа обнова децата и вработените кои поголемиот дел од денот го поминуваат во објектот ќе добијат позатоплени простории, а ќе се заштедат и финансиски сретства кои во иднина ќе се пренаменат во други цели. Покрај ова постоечката ограда на градинката ќе се бојадиса.

Подобрувањето на условите во градинката ќе бидат подобрени преку Проектот за подобрување на општински услуги-МСИП, кој го спроведува Министерството за финансии со поддршка на Светска банка.

извор: Makfax