Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози, освен на осојничавите места, каде што коловозите се влажни. „Вијадукт трејд“ известува дека денес и утре (19.2.2019 и 20.2.2019) ќе се изведуваат градежни активности на регионалниот пат Р1102, делница Велес-Градско. Сообраќајот ќе се одвива наизменично во двата правца.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони.

извор: Makfax