Една жена решила да го казни сопругот откако го нашла како гледа по*но филмови.

Амбер Салвадор е обвинета за напад врз нејзиниот сопруг, откако таа го нападнала со нож во нивниот дом.

Исплашениот маж успеал да стави стол меѓу него и разбеснатата жена и со тоа избегнал да биде повреден од ножот на главата, но се здобил со повреди на раката кога ја се бранел од сопругата.

Како што тој и ракажал на полицијата,  ја молел сопругата да престане да го напаѓа, а откако таа одбила, тој бил принуден да и го земе оружјето.

Сопругата самата ја повикала полицијата, но кога пристигнала патролата, страстите не стивнувале, па на крајот требало да бидат разделени од полициските службеници.

Сопруг на полицијата и рекол дека не гледал филмови, туку дека играл игри.