x

Го урна рекордот на Мијура: Се врати на теренот и заигра фудбал на 54 години

screenshot_3-3

Љубовта кон фудбалот не познава ни граници, а ни години, а тоа го потврди и следнава приказна. Во натпреварот од 15. коло на првенството на Монголија помеѓу екипите на Сумид Гепро и Улан-Батор за домашната екипа на терен истрча 54-годишниот Хандсурен Ојунбилег. Ветеранот влезе во игра во 86. минута и тоа му е прв натпревар уште од 1996 година кога се пензионирал. Неговата екипа изгубила со 3:2.

А со тоа Ојунбилег го урна рекордот на напаѓачот на Јокохама Казујоши Мијура кој во февруари наполни 53 години.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата