x

Го украле клупското комбе, па правеле „чкрипки“ на теренот на Мајорка (ФОТО)

majorka-stadion

Шпанската полиција уапси двајца малолетници од група од шест лица кои влегле на стадионот на Мајорка синоќа на полноќ и го украле клупското комбе паркирано на спортскиот комплекс и се возеле по тревникот на игралиштето. Освен што возеле, очигледно е дека се обидувале да испробуваат некои други вештини, по што ја уништиле тревата.

По активирањето на алармот, реагирала полицијата и две лица се уапсени, а по останатите четири се трага.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата