Модната креаторка, позната по својата линија венчаници за кои сонува секоја жена, изненади многумина со изгледот кога објави нови фотографии на Инстаграм.

Популарната американска дизајнерка со кинеско потекло Вера Венг и покрај тоа што на 27 јуни ќе наполни 71 година, изгледа неверојатно помладо, а многумина во коментарите ја прашаа како тоа го постигнува.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

PJ’s, Pumps and a bit of bling…… pre-mealtime. Shoe fetish continues in quarantine …..

A post shared by Vera Wang (@verawang) on

Таа е родена во 1949 година во Њујорк, на 17 години стана најмладата уредничка на популарниот моден магазин „Вог“, каде што работеше 17 години, по што замина да работи за Ралф Лорен, а две години подоцна, на 40-годишна возраст стана самостојна дизајнерка на најбараните венчаници во светот.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Blingin it. Miami hair. @davidsbridal #whitebyverawang

A post shared by Vera Wang (@verawang) on

Вера Венг доби бројни комплименти под нејзините фотографии, па нејзините следбеници ја прашаа што пие за да одржи ваков неверојатен изглед.