x

Го пуштија од затвор, а сега е најдобриот фудбалер во Премиер-лигата

Александар Кокорин, по една година мината во затвор, сега е најдобриот играч во руската Премиер-лига. Тој, како член на Сочи, е прогласен за играч на месецот.

Кокорин заедно со Мамаев во октомври 2018 година, тогаш како фудбалер на Зенит, беше учесник во тепачка во еден ресторан. Поради тоа беше осуден на 1,5 година затворска, казна, но излезе нешто порано.

Веднаш почна да игра, и тоа како позајмен фудбалер на Зенит во Сочи, и игра одлично. На последните четири првенствени меча тој самиот му донесе три победи на својот тим. Инаку Кокорин е и руски репрезентативец. Кога играше во Динамо Москва и Зенит, беше трансферна цел на познати клубови од Европа, но реши да остане во својата Русија.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата