x

Го продаде својот Ф40 за да може синот да се трка во Формула 2

Жан Алеси, поранешниот француски возач во Формула 1, го продаде своето Ферари Ф40 за да му плати на синот трошоците во Формула 2 шампионатот. Моделот кој беше успешен во деведесеттите години на минатиот век чини околу 2 милиони евра.

Причината за оваа одлука на Жан е во тоа што не можел да најде спонзор кој ќе го поддржува Џулијано Алеси во Ф2 шампионатот.

Јас сум поранешен возач во Ф1. Имам врски, но морав да го продадам мојот Ф40 за да заработам пари за мојот син да може да се трка. Невозможно е да се најде спонзор. Ова е многу скап спорт. Не размислував многу. Се откажав од овој прекрасен болид. Поубаво ми е кога го гледам син ми како се трка на патеката, а и престар сум да возам Ф40“, призна Алеси кој има 56 години.

Поради коронавирусот има многу проблеми во овој спорт. А оваа година е вистински кошмар. Зборувавме за промени, за ограничувања, но ништо од тоа не се прифати во Ф2. Жал ми е за тоа. Многу возачи нема да бидат во можност да ја комплетираат сезоната“, вели Алеси.

Жан Алеси настапуваше во Ф1 од 1989 до 2001 година и возеше за шест различни тимови: Тајрел, Ферари, Бенетон, Заубер, Прост и Џордан.

Освои 32 подиуми.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата