x

Го остави фудбалот поради неподносливи болки, а сега се посвети на друга професија

jakson-martinez

Некогашниот фудбалер на Порто и Атлетико Мадрид, Џексон Мартинез пред пет години ја одигра сезоната од соништата во Порто. Потоа замина во Атлетико Мадрид за 35 милиони евра.

Меѓутоа таму почнаа проблемите за овој играч по кој „лудуваше“ пола Европа. Повредата на стопалото му ја заврши кариерата порано од планираното.

„Оваа болка е неподнослива, не ме остава да спијам. Ме боли после секој тренинг, секогаш кога одам на спиење. Секоја ноќ се будам во 3 или 4 часот наутро. Трае неколку минути и одеднаш престанува, па така некако успевам да заспијам. Трненинзите не ми беа лесни. Тешко кога врзував 2-3 дена тренинзи. Сакав да го правам тоа, но докторите ми рекоа дека е невозможно“, рече Мартинез.

Замина во Кина, но не успеа да ја оживее кариерата.

Денеска Мартинез работи како хип-хоп уметник. Прави текстови кои се поврзани со црквата, и тоа му е секојдневие, а во 2018 година го издал и првиот албум.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата