x

Го нема Вардар и нема атмосфера: Ланксес Арена ќе остане празна, фанови само виртуелно

lankses

Завршниот турнир во ракометната Лига на шампиони, што треба да се одржи на 28 и 29 декември во Келн, ќе се игра без публика поради пандемијата на коронавирус, соопштија денеска организаторите.

Сите четири екипи, како што е наведено, ќе бидат сместени во таканаречен „балон“ под посебни здравствени и санитарни протоколи.

Здравствениот протокол, што го донесе Европската ракометна федерација (ЕХФ) ќе овозможи одигрување на завршниот турнир, иако Германија од 16 декември воведува целосни рестрикции во земјата за да спречи ширење на коронавирус, кои ќе останат на сила до 10 јануари.

На овој Ф4 првпат по три години, ќе го нема Вардар, и со тоа веќе ништо нема да биде исто и на самиот турнир. Го нема Вардар, нема ниту атмосфера, а дополнително ќе нема ниту навивачи и за оние кои ќе настапат.

Ракометарите и целокупниот персонал на ПСЖ, Барселона, Кјелце и Веспрем два пати ќе бидат тестирани за коронавирус пред пристигнувањето во Келн, а нова серија тестирање ќе биде извршено по нивното пристигнување на фајнлфорот.

Во „балонот“ ќе им биде забранет влез на сите кои евентуално ќе имаат позитивен тест.

Инаку во „Ланксес“ ќе има фанови, но само т.н. виртуелно, соопштија од ЕХФ.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата