x

Го исплаши корона вирусот: Играч на Селта возеше 27 саати за да избега подалеку од Шпанија

Пандемијата на корона вирусот во Шпанија, предизвика паника кај фудбалерот на Селта Виго, Пионе Систо кој што без дозвола на клубот, избегал во својата родна Данска. Притоа, поради тоа што аеродромите се затворени, возел без прекин 27 часа.

Тој заминал на пат од Виго до Копенхаген, и со тој потег го прекршил клупскиот кодекс и сигурно го чека казна. Меѓутоа за него тоа е во втор план.

Овој 25-годишен играч го фатило паника па затоа се решил да седне во автомобилот и да мине 3.000 километри. Сета таа „авантура“ му одземала 27 часа.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата