Демократскиот кандидат на американските претседателски избори Џо Бајден го победил актуелниот претседател Доналд Трамп во сојузната држава Џорџија, додека републиканецот ја освоил Северна Каролина, со што Бајден освоил 306 а Трамп 232 електори, објави агенцијата Edison Research во своите проекции.

Трамп сѐ уште не го признава поразот, надевајќи се дека ќе ги потврди своите и тврдењата на мнозинството републиканци дека изборите биле наместени, откако по изборната ноќ нагло почна да се топи неговата дотогашна предност во клучните држави.

Резултатите беа објавени на основа на пресметките на водечките американски држави, невообичаено за САД дури четири дена по изборите, а агенцијата задолжена за официјализирање на резултатите сѐ уште не се огласи.

Седумдесет и седумгодишниот Бајден, пак, е убеден дека на 20-ти јануари ќе ја положи свечената обврска за 46-ти претседател на САД и ќе влезе во историјата како најстариот избран американски претседател.