Маж од Колумбија ја изневерил сопругата, а потоа таа решила да му се одмазди. Тој морал да легне на покривот од нејзиното возило, додека жената возела низ центарот на градот, така што сите можеле да го видат.

Според локалните медиуми, неговата сопруга Хаира Варгас го фатила како изневерува со друга жена во мотел во крајбрежен град на Карибите.

Сопругот се покајал за својата постапка и ја молел да му прости.

Таа се согласи да му прости за изневерувањето, но под еден услов: да ја соблече облеката и да лежи на покривот од автомобилот, додека таа го вози низ градот.

Снимката се прошири на социјалните мрежи, а засрамениот сопруг лежи на покривот од возилото и со крпа се труди да ја скрие главата.

Колумбиската полиција морала да реагира и да ја уапси Варгас за нарушување на јавниот ред и мир.