Гоце Делчев беше човек што обединуваше, којшто имаше визија. Гоце Делчев беше и ќе остане Македонецот врз основа на кој ние ќе се сеќаваме на минатото, врз основа на тоа минато ќе ја градиме иднината. Ќе го продолжиме неговото дело да обединуваме, а не да разединуваме. Ние се гордееме и сме горди Македонци што сме имале таков јунак во нашата историја, а врз основа на таа историја ќе ја градиме иднината. Гоце Делчев е столбот на современата македонска држава, Гоце Делчев е Македонија, Гоце Делчев не треба да биде предмет на никакви преговори и разговори.

15 септември 2020, 18:30 часот.
Пред министерство за правда до министерството за надворешни работи, протест на Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.