x

Готово е! Пеп го договори првото големо засилување!

 

Откако дознаа дека и во следната сезона ќе играат во ЛШ, дека казната падна, раководните лица на Манчестер Сити тргнаа по засилувања. Како што вечерва шпекулираат медиумите во Англија и Шпанија, “граѓаните“ постигнале договор за ангажман на Феран Торес, офанзивното крило на Валенсија. Фудбалер кој беше трансферна цел ова лето на речиси сите големи клубови во Европа. Феран Торес ќе биде замената за Лирој Сане, кој пак се пресели во Баерн Минхен.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата