x

Готово е: Вестбрук го напушти Хјустон и се пресели во Источната конференција!

rasel-vestbruk

Веќе три недели се шпекулираше дека ќе се оди, дека не е задоволен од својот престој во Хјустон, дека не сака да биде “втора виолина“ во тимот. И се чини дека сега навистина е готово. Како што пишуваат медиумите во САД, Расел Вестбрук и Рокетси се разделија, а еден од најдобрите играчи во моментов во НБА, се преселил во Источната конференција, и тоа во тимот на Вашингтон. Па така тамдемот Харден – Вестбрук од Хјустон сега веќе не постои.

Од Вaшингтон потврдија дека договор има, а во спротивен правец ќе оди Џон Вол, еден од најдобрите кошаркари во Визардси.

Инаку Вестбрук, кој пред Хјустон играше и во Оклахома заедно до Кевин Дурент, во својата кариера има одиграно 878 мечеви во НБА. Во просек има 23.2 поени, 8.3 асистенции, 7.1 скокови и 1.7 украдени топки на натпревар.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата