ЗАГРЕБ, 20 ОКТОМВРИ(МАКФАКС). – Хрватскиот премиер Иво Санадер изјави дека генералот Анте Готовина е “апсолутно невин”, но додаде дека тој тоа мора сам да го докаже пред хашкиот Трибунал. “Ние сметаме дека тој е апсолутно невин и дека сите во Хрватска сме согласни за тој факт” – изјави Санадер за вчерашниот број на хрватскиот весник “Нови лист”. Премиерот, меѓутоа, додаде дека “кога (Готовина) го обвинува судот во Хаг, тој е должен да одговори на тие обвинувања. Готовина “треба да ја докаже вистината пред судот во Хаг за својата улога во татковинската војна”, изјави Санадер.