Московскиот ресторан „Др. Живаго‟ прекина да ги прима платежните картички „виза кард‟ и „мастер кард‟ и се префрли на рускиот национален платежен систем „мир‟.

Гостите на ресторанот „Др. Живаго‟ можат да ги платат своите сметки само во готово или со руската картица „мир‟, објави весникот „Ведомости‟.