x

Гостивар од трета до прва радост, падна Еуроникел

mzt-gostivar-4-1-1024x739

Гостивар во третиот обид дојде до првата победа оваа сезона, по поразите од Академија ФМП и Работнички, избраниците на Марјан Србиновски на домашен терен беа подобри од Еуроникел со 96-87 (25-20, 22-21, 26-19, 23-27).

Малком Амстед со 28 поени и 8 скока беше прв стрелец, Тодоровиќ запиша 22 поени, по 13 поени имаа Мозли и Костоски, на другата страна Мијатовиќ имаше 26 поени, Соколов запиша 18 поени.

Кавадарчани добро го отворија мечот, поведоа со 7-12, на другата страна домашните кошаркари со серија од 10-2 дојдоа до највисоки во овој дел 22-16. Продолжија во ист ритам, дојдоа до двоцифрени 36-24, но гостите на одморот успеаја да намалат на 47-41.

Во третата четвртина, Гостивар беше на ниво на задачата, одигра одлични десет минути во кои имаше позитива 17 поени (70-53). На другата страна кошаркарите на Еуроникел се обидуваа да ги размрдаат редовите на противникот, но тешко одеше на крајот мораа да се помират со првиот пораз оваа сезона.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата