Гостивар му се реваншираше на Куманово за поразот на домашен терен оваа сезона. Избраниците на Марјан Србиновски се издигнаа по поразот од Еуроникел во миното коло, славеа со 79-91 (30-18, 13-22, 18-26, 18-25) и ја продолжија трката за второто место во Првата лига.
Двата тима одиграа одличен натпревар со бројни пресврти. Кошаркарите на Гостивар беа многу подобри во второто полувреме, одиграа постабилно и подобро, доволно за 12-ти триумф сезонава.
Џелетовиќ имаше 15 поени, еден помалку запишаа Ли, Димчевски и Армстед. Кај Куманово, Марковски имаше 19 поени.
Пелистер се изнамачи со вториот тим на МЗТ Скопје, но на крајот успеа да дојде до триумф од 83-77.