x

Гостивар без милост кон Вардар

gostivar

Гостивар без мака ја запиша третата победа оваа сезона, на домашен терен убедливо славеше против Вардар со 91-53, во последниот меч од денешната прволигашка понуда.

Избраниците на Марјан Србиновски едвај чекаа да излезат на терен, не се штедеа. Гостите беа рамноправен противник само во првата четвртина (13-13), веќе во следниот период домашниот состав одигра силно, беше подобар со 30-9, тука и заврши целата приказна на овој меч.

До крајот тимот на Гостивар рутински го приведе натпреварот за нови два бода се искачи на второто место на табелата, на еден бода зад лидерот Академија ФМП. На другата страна „црвено-црните“ го забележаа четвртиот пораз и остана на последното место на табелата.

Армстед имаше 17 поени, по 14 коша запишаа Тодоровиќ и Димитриевски, кај гостите Ташковски имаше 12 поени.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата