Вчера (21 април) во 10 часот, Ш.И.(55) од гостиварско Речане, во СВР Тетово пријавил дека во периодот од 17 до 21 април годинава, непознати сторители со употреба на сила влегле во Основното училиште „Лирија“ во Вруток, во кое тој бил вработен, и ги оштетиле вратите од неколку канцеларии во објектот.

Извршен е увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.