Францускиот сатиричен лист “Шарли ебдо“ објавил карикатура прикажувајќи го Госпд во полициска “марица“ во која го спроведуваат во затвор и тоа на насловната страна најновиот број, кога се очекува пресуда на осомничените за логистичка подршка во нападите на уредништвото на тој лист во 2015 година

“На ‘марица“ во која на карикатурата Господ го спроведува до затворот пишува “Господ повторно ставен на свое место“ Со пресуда за 14 обвинети за логистичка подршка во нападот “конечно ќе се затвори кригот на насилството кое почнало во просториите на“Шарли ебдо“, пишува во уводникот Рис, главен уредник на сатиристилниот лист, кој 2015. беше на мета на џихадисти поради карикатура на пророкот Мухамед.

“Кругот ќе се затвори, барем што се однесува на казните, бидејќи глеадано човечки, последиците никогаш нема да исчезнат, што покажува и исказот на жртвите за време на судењето“, додава Рис.

Двајца вооружени напаѓаќи 7. јануари 2015 година во претпладневите часови влетале во просториите на “Шарли ебдо“ во Париз и усмртиле 12 лица, а раниле 11. Потрага за двајца осомничени траеле уште три дена се додека после тричасовна опсада на печатница во предградието на Париз не биле ликвидирани браќата Саид и Шериф Каучи.