Имавме успешни избори, избравме претседател на државата на чисти и фер избори и продолжуваме одговорно напред, изјави премиерот Зран заев, честиајќи му ја победата на Стево Пендаровски победата на претседателските избори.

Ова е победа на концептот Напред, но пред се ова е победа на народот. Покажавме дека имаме горд и одговорен народ со јасни и европски определби. Пендаровски освои 423.000 гласови, а Сиљановска нешто над 368.000. Разликата е 55.000 гласови. Точка. Носиме напред во светла иднина, изјави Заев.

Тој му се обрати на Пендаровски со зборовите „Господине Претседателе, да ги чуваш граѓаните, да бидеш правичен, чесен и критичен“, а на ВМРО-ДПМНЕ ѝ порача да се модернизира, а СДСМ ќе им подаде рака на помирување за сите заедно да одат напред.