x

Гордоста на чилеанскиот фудбал Коло Коло прослави 95 години

На 19 април 1925 година е формиран еден од најпознатите јужноамерикански фудбалски клубови Коло Коло. „Вечниот шампион“ како што го нарекуваат во Чиле е формиран во областа Макул во главниот град Сантијаго што значи дека денеска слави 95 години на постоење. Основачи се поранешен фудбалер на Магаљанес Давид Арељано. Тој заедно со уште неколку соиграчи го напуштиле клубот поради административни проблеми и си формирале нов на кого му го ставиле името Коло Коло по истоимениот индијански поглавар.

 

Клубот во текот на годините станува симбол на сила во Чиле но и во Јужноамериканскиот фудбал. Со 32 шампионски титули и 11 Куп титули во Чиле. Исто така е првиот чилеански клуб со титулата во Копа Либертадорес во 1991 година, а следната година ги придодаде и титулите во Суперкупот на Јужна Америка и шампион на Америка (Куп Интерамерикана).

На овие простори Коло Коло е познат по дуелот од Интерконтиненталниот куп во Токио против тогашниот европски првак Црвена Звезда. Белградскиот тим победи со 3:0.

Коло Коло избегна колапс во 1999 година, кога западна во сериозна финансиска криза. Во јануари 2002 година после тешка борба за стабилизирање на економската состојба клубот прогласи банкрот. На клубот му се доделил стечаен управник Хуан Карлос Сафи кој се погрижил клубот да не го изгуби правниот статус. И покрај банкротот, под водство на Хаиме Пизаро како тренер, еден од најзаслужните играчи за јужноамериканската титула од 1991 година, клубот стигнува до титулата во Клаусура со речиси младинска екипа.

Три години подоцна, во 2005 година, акционерско друштво Бланко и Негро ја презема администрацијата со ветување дека ќе ги исплати сите долгови. Веќе во следната година клубот се исчистува од долговите и повторно почнува да расте. Истата година ги освојува титулите во Апертура и Клаусура.

Коло Коло има најголема навивачка поддршка. Во истражувањето спроведено во 2012 година покажува дека дури 42% од чилеанските фудбалски фанови навиваат за овој клуб.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата