Познатиот готвач Гордон Ремзи е добро познат по своите брутално искрени коментари во врска со храната којашто луѓето ја споделуваат на друштвените мрежи.

А овојпат на неговата мета се најде токму, за нас омилениот бурек со сирење, односно во случајов питата со сирење.

Еден Twitter корисник на оваа друштвена мрежа споделил фотографија од бурек, запрашувајќи го готвачот:

Шефе Ремзи, што мислите за мојот бурек со сирење?А на тоа прашање потоа добил и одговор којшто веројатно нема да им се допадне на повеќето Балканци!

Огромно г**но, напишал кратко и јасно Ремзи.

Но оваа негова изјава потоа предизвикала и бурна расправа на друштвената мрежа Twitter, како и голем број на “лајкови” и ретвитови.

Што мислите вие за ваквата изјава на Гордон?