Најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ му честитал за освоената Златна топка на хрватскиот фудбалер Лука Модриќ. Во истата година кога српскиот ас се вратил на чело на АТП листа, ѕвездата на реал го понесе епитетот прв играч во свет.

Ноле на социјалните мрежи му се обратил на големиот пријател и капитен на Коцкастите.

 – Лука, ти честитам за освојување на Златна топка. Со право заслужена. Горд момент за нашиот регион што има најдобар фудбалер на свет – напишал Новак Ѓоковиќ.

Интересно, за прв играч на планетата во белиот спорт и хрватските спортисти навивале кога тој ги играл своите мечеви на разни турнири и Грен слемови.

Курјозитет претставува фактот што на финалето на Мундијалот помеѓу Франција и Хрватска, се играл истиот ден кога било финале и на Вимбелдон во синг конкуренција. Тогаш Ѓоковиѓ го совлада Јужноафриканецот Кевин, со што
започнал неговиот поход за престол.