Младиот поп-пејач Горан Каргов доживеа љубовно разочарување, но само во спотот што го сними за песната “Лажам дека не боли”. Зад музиката на синглот што го отпеа на домашниот избор за песна на Евровизија, се потпишува Григор Копров, додека текстот и аранжманот се на Петар Ацев и Владимир Дојчиновски – Дојчин.

Видеозаписот на темата е работен под режисерската палка на Дарио Јанковиќ, а е снимен на неколку локации во градот на конзулите и во него освен Каргов се појавува и манекенката Славица. Горан на музичката сцена дебитираше со синглот “При очи слеп” на минатогодишниот Охрид фест, а сега веќе се подготвува и за “Сунчане скале”, каде што ќе ја отпее темата “Кад проѓеш кроз моје песме”, исто така, дело на Копров.

(Ан.Ѓ.)
Фото. Ѕ. Плавевски