x

Гомез направи нешто што ниту еден друг играч не успеал во Серија А

Капитенот на Аталанта Алехандро Гомез се запиша во историјата на италијанскиот фудбал. 32-годишниот офанзивец запиша најмногу асистенции во рамките на една сезона во Серија А во 21. век.

Гомез му асистираше на Марио Пашалиќ во победата од 2:0 против Наполи во 29. коло, а тоа беше 15-та асистенција на одличниот фудбалер од почетокот на шампионатот.

Ниту еден играч во Серија А не запишал толку многу асистенции откако се води статистика за асистенции од сезоната 2004/05.

Освен тоа победата над Наполи се покажа историска за Аталанта. Тимот од Бергамо за првпат во својата историја запиша седум победи по ред во италијанската фудбалска елита.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата