Гол маж кој на себе носел само хигиенска заштитна маска, ги изненадил сите од кои некои се забавувале а некои се шокирале во лондонската улица Оксфорд, а многумина го фотографирале со своите телефони.

Мажот чиј идентитет не е објавен, ноншалантно се шетал по популарната трговска улица, каде што половиот орган му бил прикриен со светлосина заштитна маска, при што некои минувачите го фотографирале а некои зјапале во него.

Не е јасно каква порака сакал да испрати, но заштитните маски од петокот се задолжителни во трговијата во Англија.