Артуро Видал можеби не пружа партии какви се очекува од него во дресот на Интер, но дефинитивно е сосема поинаку во дресот на Чиле.
Така играчот од средниот ред постигна два гола во победата на Чиле над Перу, од кои првиот беше прекрасен. Од 30 метри Видал „распали“ по голот и ја смести топката во левиот горен агол.