x

Голот кој ги урива и законите на физиката (ВИДЕО)

youssouf-mchangama

Репрезентативецот на Коморските острови, Јусуф M’Чангама постигна спектакуларен гол на натпреварот против Кенија во третото коло од квалификациите за Африканскиот куп на нации. Натпреварот заврши 1:1, но голот на М’Чангама беше толку спектакуларен што стана и вирален на социјалните мрежи.

Имено, репрезентативецот на Коморските острови го совлада противничкиот голман од слободен удар од повеќе од 30 метри. По силниот удар, топката најпрво отиде на левата страна, а потоа нагло го смени правецот и заврши во спротивниот агол на општо изненадување на сите на теренот и на трибините.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата