Голманите “социјални случаи” во Примера
Секоја година фудбалерите во англиската Премиер лига просечно инаксираат по 970.000 евра. Така објави весникот “Индипендиент” според податоците на Асоцијацијата на професионални фудбалери во Англија. Најголема плата добиваат фудбалерите со 27 или 28 години, а кога ќе наполнат 30 години платата им се намалува за една третина. Тоа значи дека средната неделна плата е 20.000 евра. Најдобро платени очекувано се напаѓачите, кои просечно заработуваат по 1,2 милиони евра. По нив следуваат халфовите со 1,1 милион евра, одбранбените играчи добиваат по еден милион, а најлошо платени се голманите, кои добиваат просечно околу 800.000 евра.
Основната плата на англиските елитни фудбалери е зголемена за 65 проценти од 2000 година. Бонусот и премиите кај фудбалерите се големи и често ја надминуваат двојно официјалната плата, открива “Индипендиент”. Весникот тврди дека на еден натпревар играчот може да земе премија од 7.500 евра, дури ако влезе и како резерва. Предвидени се и дополнителни суми за добри резултати – пласман во првенството, за финале во некој од куповите, како и за место во европските клупски натпреварувања. И покрај многу високите плати, 64 проценти од фудбалерите во Премиер се за поставување лимит за платите, што не треба да биде повеќе од 75% од расходите на клубот за наградување на играчите.
“Фудбалерите денес имаат статус на забавувачи, глупаво е да се размислува да се воведе “саларѕ цапа”. Никој не зборува за рок ѕвездите или за актерите на нив да им се ограничи заработувачката”, порачаа од Здружението.