Долгогодишниот стопер на хрватскиот првак Динамо од Загреб, Дино Дрпиќ, кој со играчките квалитети ги задоволи вкусовите на турскиот Бешикташ, кариерата се чини, сепак, нема да ја продолжи во Истанбул. Причината, како што наведува порталот Нет. хр., е недоличното однесување на натпреварот со Хајдук, кога Дрпиќ им го покажа задникот на навивачите на сплитскиот клуб.

Иако преминот на Дино Дрпиќ во Бешкташ беше готова работа, извор од менаџерските кругови, кој учествувал во трансферите од светско значење, за порталот тврди поинаку.

Неговите играчки квалитети Турците совршено ги познаваат и тука нема проблеми. Сепак, во Истанбул стигнала снимката на Дрпиќ по одигрувањето на дербито со Хајдук на Максимир, покажувајќи им го голиот задник на противничките навивачи. Оваа снимка внесе вирус на сомневање меѓу потенцијалните нови работодавачи и трансферот е моментно под мраз.

Во Бешикташ не сакаат да даваат коментари на оваа тема, но портпаролот на Динамо, Адо Кожул вели:
– Не е точно дека се вратил, се уште не ни отишол во Истанбул. Договорот не мора да се потпише до полноќ на 31 јануари, кога истекува зимскиот трансферен рок на ФИФА, бидејќи турските клубови имаат уште шест дена за евентуално ангажирање на нови играчи.