x

Голем проблем: Како Реал ќе патува во Англија за мечот со Сити?

big_1590558871-velika-stvar-za-real-madrida-jedan-od-lidera-ekipe-potpisuje-novi-ugovor

Се појави проблем пред реваншот од 1/8 финалето меѓу Манчестер Сити и Реал Мадрид кој треба да се игра на „Етихад“.

Меѓутоа британската Влада донесе одлука која стапи на сила од полноќ, а таа вели дека мора да има задолжителен карантин за сите кои доаѓаат во Британија од Шпанија. Тоа би значело дека играчите на Реал пред пристигнувањето би требало да бидат во 14 дневен карантин.

Едно од прашањата дали на карантинот се опфатени сите, или, пак, може да има исклучоци.

Доколку нема исклучоци, тогаш тука треба да реагира УЕФА која мора да издаде посебни дозволи за играчите на тимот од Мадрид да може непречено да отидат во Манчестер, да го одиграат мечот и да се вратат во Мадрид. Во спротивно може да се случи мечот да би се играл на неутрален терен.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата