Голем пожар избувна на градилиштето на новиот мост во Џенова, а се претпоставува дека е предизвикан од искра од брусилка.

Новиот мост се гради наместо мостот Моранди, кој се урна кон средината на август минатата година. Тогаш загинаа 43 лица.

Анса известува дека од искра од брусилка за метал се запалило дрвено скеле и дека потоа пожарот зафатил и еден од столбовите на мостот во изградба.

Пожарот бил ставен под контрола еден час по избувнувањето и ниеден работник не е повреден.

извор: Makfax