Во голем пожар во марината во Бар утрово изгореа неколку бродови, пренесува РТЦГ.

Пожарот избувнал во 5:20 часот на делот oд марината каде што се наоѓаат рибарски бродови.

Во пожарот целосно е уништен деветметарски брод за риболов во сопственост на руски државјанин  од кој, според неофицијалните информации на порталот jedro.me, пожарот се проширил на неколку поголеми дрвени бродови.

извор: Makfax