Голем музички спектакл на Градски плоштад
На седми јуни во Универзална сала се очекува концерт на две светски музички имиња, прво на Даниел Варо (Острови Реунион), а потоа и на португалката Мариза, со кои почнува годинешното издание на манифестацијата “Хајнекен оф фест”. Влезниците ќе чинат 600 денари во предпродажба, и 800 денари на денот на концертот. На десетти јули, повторно во Универзална, настапува Меркјури Рев од Америка (влезницата е со цена од 500, односно 700 денари). На голем музички спектакл на Градскиот плоштад, на 11 јуни, може да гледа и слуша кој сака. Идејата да се соберат сите љубители на добрата музика на скопскиот плоштад, на организаторот ќе му успее со настапот на мошне возбудливото бразилски бенд “Накао Зумби”, како и на британскиот изведувачи во живо “Трансглобал андерграунд” (кои прават фузија на денс, авангарда, арапска и светска музика). “Хајнекен оф фест”, секоја година нуди разновидна светска, квалитетна музички програма, и годинава во Скопје носи имиња од висок ранг. (Ва.Ѓ.)