ГОЛЕМ БОД ЗА ГОЛЕМО СЛАВЈЕ
Фудбалска Македонија е на “седмо небо”. По извонредните нерешени исходи со Белгија и Данска (1:1), како и Англија (2:2) во минатото, македонската репрезентација оствари уште едно реми за историја – одигра 2:2 со петтата фудбалска сила на светот Холандија. Носени на крилјата на 17-илјадната публика на Градскиот стадион во Скопје, “црвено-ж олтите” се надминаа себе си и со двата гола на струмич- кото дуо во нападот, Пандев- Стојков, стигнаа до бод против некогашниот европски шампион (од ЕП 1988 г). Избраниците на селекторот Драган Канатларовски, ја надминаа психолошката бариера и против голем противник како Холандија, успеваа на двапати да надоместуваат негатива, откако најпрво губеа со 0:1, па со 1:2. Погодоците на Пандев и Стојков, постигнати по извонредни акции, ги “извадија од кожа” Холанѓаните, кои никако не успеваа да го разбијат нашиот бедем пред голот, но и судијата Фројдфелт од Шведска, кој сесрдно им даваше подршка на гостите. Головите на струмич аните беа и надоместување на двата кикс-гола на голманот Николоски. “Уживам во моментот”, гласи изјавата на најдобриот играч на натпреварот, Горан Пандев, кој го постигна првиот, а асистираше при вториот погодок за нашиот национален тим. “Ова ми е втор гол во овие квалификации за Македонија, а посебно ми е драг бидејќи го постигнувам против екипа како Холандија. Радосен сум и за Стојков, кој покаж а дека му е местото во нападот на сениорскиот тим, покрај мене”, додава напаѓа- чот на римски Лацио. Скопје, Струмица и Макеоднија славеа по завршувањето на средбата, а и игра- чите и стручниот штаб на македонската репрезентација, кои до доцна вечер со песни и ора прославуваа во ресторанот “Уранија”. “Оваа селекција е градена изминативе две години и се очекуваш е да почне да дава позитивни резултати. Ние бевме подготвени за предизвикот нареч ен Холандија и мислам дека ги задоволивме навивачите. Со повеќе среќа, можеби и ќе победевме”, вели селекторот Канатларовски според кого тоа бил голем ден за мак- фудбалот. “Жалам за бодот што го загубивме во Романија, но по ова реми, очекувам победи против Андора и Чешка до крајот на годината”, додаде Цапарот. Капитенот и главната ѕвезда на Холанѓаните, Едгар Давидс, призна дека нерешениот исход е реален: “Знаевме дека Македонија ќе игра на контра-напади, но за жал им дадовме голем простор на домаќините да го прават тоа. Не ги потценивме Македонците, туку многу лесно ја губевме топката и премногу се нервиравме, бидејќи не ни одеше”, признава црномурестиот Давидс. Селекторот на “лалињата” Марко ван Бастен, им честита на “црвено-жолтите” за добрата игра, а посебно беше импресиониран од нашиот напаѓ ачки тандем: “Ние изгубивме два бода, но од една многу добра селекција. Македонија се покаж а како многу цврст тим, со извонредни напаѓачи како Пандев и Стојков, кои ни го дадоа головите по контри, од кои ние најмногу и се пла- шевме. Мојот обид да ја сменам играта со внесувањето на Ван дер Варт, беше неуспеш ен. Едноставно – ние бевме слаби, а Македонија добра, иако 2:2 и не е така лош резултат за нас”, истакна легендарниот Ван Бастен.
БОБАН НОНКОВИЌ