Пред првиот 1/8-финален дуел меѓу Реал (М) и Манчестер Јунајтед на “Бернабеу” (1:1), шпанските новинари Вејн Руни го нарекоа монструм. Голгетерот, сепак, набргу не само што ги демантира, туку уште еднаш покажа дека е голем човек.

Руни инспириран од приказната на 17-годишниот Кејден Стивенс, кој боледува од цистична фиброза, реши да му обезбеди ВИП третман на реваншот со Реал (М) на 5 март.
Младиот Стивенс стана познат во јавноста по учеството во американскиот “Идол”, што покажува дека лошата болест не го спречува да ужива во животот, иако лекарите му предвидуваат дека нема да живее подолго од 35. година.

Оваа приказна го допре Вејн и од уште една причина, освен хуманоста и човечноста. Еден негов најдобар пријател од детството Сивен Џонсон почина изминатиот септември во 24. година од истата болест.
– Кејдан, твојата приказна ме инспирира, ме потсетува на еден мој пријател кого го нема повеќе. Ти благодарам што си храбар и што си упорен во ширењето на твојата приказна, напиша англискиот репрезентативец на својот профил на Твитер.

Младиот Американец беше во шок.
– Господи, не можам да поверувам дека ми “твитуваше”. Мило ми е што те инспирирам. И ти за мене си голема инспирација, одличен играч си, напиша Кејдан за нешто подоцна да напише: Не можам да поверувам дека штотуку зборував со Руни. Уф. Имал пријател кој ја имал истата болест како јас, затоа ме побарал.

Руни им ветил на Кејдан и неговото семејство посебен третман на реваншот против Реал (М). Покрај билети за мечот, ќе им биде платен хотелот, но и обиколката на “Театарот на соништата” и запознавање со легендите на клубот.