Бројот на поплавените куќи на рускиот далечен исток во областа Кабаровск порасна за уште 39, односно вкупно 138, соопштија од министерството за вонредни ситуации во регионот.

„Од 31 август, поплавите предизвикани од циклонот погодија 70 населени подрачја во 9 општини, вклучувајќи и 37 населби во кои се поплавени 138 приватни куќи и речиси 600 домаќинства“, се наведува во соопштението, пренесе „ТАСС“.

Како што се додава, вкупно 73 патишта во наслебите се истотака поплавени. Спасувачите ја следат ситуацијата во подрачјата погодени од катастрофата, користејќи чамци и беспилотни летала, а за жителите обезбедена е вода за пиење.

Во регионот, подготвени се 16 привремени живеалишта за речиси 700 луѓе.

извор: Makfax