Птичји грип е откриен на фармите за пилешко во западните јапонски префектури Токушима и Мијазаки, поради што беа убиени десетици илјади кокошки, додека птичјиот грип сè уште се шири во земјата, соопштија денеска локалните власти.

Сој Х5, кој допрва треба да се потврди како високо патоген тип, беше откриен за прв пат во Токушима, што ја прави 12-та префектура што објавила случај на појава на птичји грип оваа година, објави Кјодо.

На фармата Ава во Токушима, која се граничи со префектурата Кагава, каде што беше потврден првиот случај на птичји грип, првично беше планирано да се заколат 10.000 кокошки, но на крајот околу 8.000 беа застрелани.

Во радиус од три километри од погодената фарма во Токушима, има уште 10 фарми со околу 175.000 кокошки и на сите им е забрането да преместуваат јајца или живина, соопштија локалните власти.