На охридското пристаниште деновиве е забележан Големиот Нуркач (Podiceps cristatus) фатен од камерата на член на „Охрид СОС“.

Од граѓанската иницијатива велат дека намаленото присуство на луѓето периодов предизвикало да се забележат и некои досега „невидливи“ животински врсти.

„Лебедите навлегуваат кон чаршијата а пак други врсти се охрабрени и слободно се чувствуваат по паркови, зелени површини. Во недостиг на градска бучава се слуша поењето на птиците. Во вакви услови можеме да видиме колкав е човечкиот притисок врз нив, врз животната средина и колкав простор им одземаме“, додаваат од граѓанската иницијатива која ја сподели фотографијата.

извор: Makfax