“Голема Србија” се уште во игра
Српската радикална странка порачува дека идејата за “Голема Србијаè не е мртва туку само чека радикалите да дојдат на власт и да ја остварат, објави белградската телевизија Б 92, анализирајќи ги ставовите пласирани на собирот на СРС одржан последниот викенд. СРС потврдила дека не се одрекува од политиката со која Србија би излегла на границите Карлобаг-Карловац-Огулин-Вировитица како и тоа дека нивниот надворешно политички курс меѓу другото подразбира и конечна пресметка со Ватикан.
Говорејќи за штетата од таквата политика за Србија, дел од аналитичарите сметаат дека се тоа празни приказни и обид за предизборно позиционирање на радикалите, додека Србите во Хрватска потсетуваат на цената која само пред десетина години ја платија поради таквата политика на радикалите и социјалистите.
Претседателот на Српскиот демократски форум од Загреб Милорад Поповац за Б 92 изјавил дека по искуството од последната војна, сонот на радикалите за сливи во Карлобаг, претставува најмрачна страна на српската политика од 20 век.