Турскиот репрезентативец Арда Туран прилично долго нема да учествува во натпреварите на својот Башакшехир, каде дојде на позајмица од Барселона.

На мечот со Сиваспор минатиот викенд, Туран доби директен црвен картон, откако го бутна судијата, незадоволен од неговата одлука во последните минути од мечот.

Доби 16 натпревари казна и ќе мора да плати 9.000 долари.