Со оваа победа Голден стејт го урна рекордот на “стариот тим” на Чикаго Булс од сезоната 1995/96. Доколку продолжи со ваква игра, Голден стејт има можност да стане најуспешен тим во историјата на НБА.

Првата ѕвезда Стеф Кари со 36 поени, беше најзаслужен за триумфот на својот тим, додека во тимот на “јастребите” се издвои Ал Хорфорд со 23 поени, 16 скока и шест асистенции.

Кливленд на домашен терен беше изненаден од Детроит со 96:88. За поразот на еден од најголемите фаворити за титулата во Источната конференнција беше Леброн Џејмс, кој постигна само 12 поени.

Резултати: ЛА Клиперс – Феникс 124:84, Атланта – Г.стејт 92:102, Милввоки – ЛА Лејкерс 108-101, Минесота – Бостон 124:122, Кливленд – Детроит 88:96, Мајами – Индијана 101:93